Тестирајте се: Дознајте која боја е вашата аура!
Што кажува бојата на вашата аура?
Физички окер
Тие се самостојни, одговорни и сакаат сами да управуваат со својот живот. Тоа значи дека се склони да се држат настрана и да набљудуваат што се случува, тек потоа да тргнат во акција. Но кога еднаш ќе тргнат, самоиницијативни се и ги поттикнуваат случувањата.
Имаат чувство и смисла за поединечно делување. Многу се посветени на сопственото тело. Внимателни се, промислени и не се спонтани. Добро се снаоѓаат во се што е конкретно. Многу се интелигентни, сѐ впиваат и детално анализираат. Кога станува збор за чувствата, тие се многу затворени луѓе. Чувствата тешко ги изразуваат со зборови. Во друштво се срамежливи и резервирани. Во однос на друштвениот живот им одговараат блиски пријателства и врски со самоуверени личности.
Овие се едни од трите двобојни аури. Двобојната аура се разликува од примарните по двете обвивки кои целосно го обиколуваат телото. Двете бои се толкуваат како една. Тој посебен пар од бои има свои посебни обележја и стил. Не се работи за комбинација од карактеристиките на двете бои. Физичкиот окер е сочинет од ментален окер и зелена боја. Тие две бои спаѓаат во менталната фамилија на бои, но нивната комбинација има својства слични на жолтата боја, па затоа физичкиот окер спаѓа во физичката фамилија на бои насочени кон сопственото тело.
Физичкиот окер се доживува себеси како физичко средиште на тридимензионалниот свет кој ги опкружува. Нивните тела се како сонарни уреди. Постојано зрачат сигнали и впиваат повратни сигнали, примаат физички пораки кои ментално ги обработуваат.
Најголем предизвик им е развивањето на флексибилност. Животното искуство ги уверило дека ако сакаш да бидеш сакан, мора да се однесуваш со склад со туѓите очекувања. Тоа за нив значи дека мораат да ги реализираат задачите, да го завршат она што е договорено или да го испорачаат готовиот производ за да бидат прифатени и сакани. Затоа се крути и нефлексибилни во своите очекувања – и што се однесува до другите, но и до нив самите.
Кога ќе ја сфатат својата природа, можат да се спознаат и да постои и за нив место во животот каде можат да ја применуваат својата слободна волја.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
