Тестирајте се: Дознајте која боја е вашата аура!
Што кажува бојата на вашата аура?
Зелена
Оние со зелена аура имаат силен интелект и способност да продираат во сржта на идеите. Тие се аналитички настроени, својата вредност ја мерат преку продуктивноста, односно способноста да создаваат безброј идеи и проекти и преку креативноста која им овозможува изнаоѓање на нови и делотворни решенија за проблемите. Зелените се планери, организатори и стратези.
Тие се многу интелигентни, информирани, рационални и логични, но мораат да се занимаваат со нешто за да бидат среќни. Кога се исплашени, кога ја губат контролата или кога се емотивно загрозени, стануваат груби, крути и авторитативни.
Кога станува збор за друштвениот живот, тие се повеќе склони кон набљудување, односно често стојат настрана и чекаат некој да им пријде. Во односите со другите, зелените ги сфаќаат портокаловите како предизвик и авантура. Темноцрвените и зелените се сложуваат доста добро, а со физичкиот окер интелектуално се привлекуваат. Непријателски се поставуваат кон менталниот окер.
Тие се самотници на кои им треба самостојност и слободен простор.
Родени се за правење пари и мудра финансиска политика.
Најмногу се плашат од можноста да создадат и произведат нешто што нема да биде доволно добро и дека другите ќе ги сметаат за неспособни. Тој недостаток на самодоверба им создава емоционална пукнатина, имено тие сметаат дека совршеното е неопходно за придобивање љубов и почит од другите.
Главна лекција која зелените мораат да ја научат е дека животот може да биде лесен, удобен и забавен, но ако сакаат да живеат таков живот мораат да се ослободат од својата емоционална потреба за совршенство.
