Тестирајте се: Дознајте која боја е вашата аура!

Што кажува бојата на вашата аура?

Ментален окер

Сѐ што е дел од секојдневниот живот го сфаќаат како сложена целина. Обожаваат технички апарати и сакаат да имаат сѐ. Уживаат во интелектуална комуникација. Најдобро проценуваат ризици во донесувањето одлуки. Се чувствуваат непријатно кога не можат нешто да разберат или контролираат. Често користат фрази од типот „мислам дека се чувствувам…“

Кога станува збор за друштвениот живот, за нив дружењето треба да има некаква цел или функција. Сметаат дека забавувањето е губење време.

За менталниот окер, клучот за среќа и успех е во разбирање и користење на својата интуицијата. Мораат да ја надминат оддалеченоста помеѓу ладната логика и метафизичката мистерија, а тоа е можно само ако се подготвени на одреден ризик. Дел од тој пат подразбира дека треба да научат да се префрлат од физичката, интелектуалната и емотивната сигурност во сферата на непознатото, а тоа пак, значи верба и имање доверба во сопствената интуиција.

За да бидат во можност да го занемарат она што е сигурно, менталните окери мораат да сфатат дека до интуиција се стигнува преку чувствата. Само чувствата овозможуваат пристап до сетилниот свет. Тие мора да престанат да рационализираат и да ги расчленуваат чувствата, треба да научат да ги изразуваат. Ако ја занемарат својата потреба за спознавање, ќе им се укажат поголеми можности. Ќе почнат да сфаќаат како скокот во чувствата не е слободен пад кон пропаста и хаосот.