Тестирајте се: Дознајте која боја е вашата аура!

Што кажува бојата на вашата аура?

Виолетова

Виолетовата е боја од спектарот која најдобро е ускладена со психичката, чувствената и духовната рамнотежа, што денес владее на нашата планета. Виолетовите имаат не само можност, туку и способност да направат нешто значајно со своите животи, битно да влијаат на нашата заедничка иднина.

Клучот кој на виолетовите им ја отвора вратата со потенцијалите е спознавањето дека се визионери на идниот свет, кои во она што ќе го посеат денес може да видат што ќе жнеат утре.

Тие треба да ја сфатат целта на своето постоење и своите способности да ги претворат во дело. Треба да утврдат кои општествени промени позитивно ќе влијаат на иднината и потоа да работат на нив.

Во физичката стварност не ги интересираат практичните детали, не ги интересира како нешто функционира, важно да функционира.

Тие се критички мислители и поседуваат способност за генерализирање, проценување и разработка на креативни идеи.

Тие имаат длабоки чувства и полни се со страст. Можат да делуваат ладно, резервирано и препотентно, но со тоа само ја штитат својата најранлива страна – чувствата.

Во меѓусебните односи се склони кон дистанцирање, резервирање и по малку ладно држење.

За виолетовите најтешка работа е да одлучат да живеат без чувство на вина. Тоа чувство произлегува од самокритичноста која им наложува да прават сѐ подобро, побрзо и веднаш. Тоа им создава толку грижа на совест, самопрезир и самообвинувања што буквално ги парализира. Тајната е во тоа да се фокусираат јасно на визијата на иднината, па шансите дека таа ќе биде блескава, ќе им ги намалат моменталните грешки и незгоди.