Тестирајте се: Дознајте која боја е вашата аура!
Што кажува бојата на вашата аура?
Жолта
Луѓето кои имаат жолта боја на аура најмногу се подложни на деликатна биохемиска рамнотежа на телото. Тие се чувствителни на телесните желби. Нивниот ден е низа од кризни моменти кои ги решаваат на позитивен или негативен начин.
Ако не се внимателни можат да станат физички зависни од одредени супстанци. Треба да научат да распознаваат и да делуваат во согласност со знаците кои им ги дава телото.
За жолтите најдобро мерило за успехот е чувствувањето на животните радости. Уживањето во животот им овозможува да го спознаат Бог. Радувањето во животот значи живеење во склад со сопственото битие и соодветно изразување во работата и слободните активности. Поточно луѓето кои имаат жолта аура, мораат животот да го организираат така за сѐ што прават да им пружа задоволство. На тој начин тие ги поттикнуваат другите луѓе.
Бистри се и креативни, сѐ што учат, го учат низ пракса. По природа се отворени и тешко сокриваат што било. Наивни се, никогаш не ги кријат чувствата, па затоа лесно ги повредуваат. Љубезни, активни, отворени, полни со дух и сакаат да се забавуваат. Сакаат природа и луѓе. Идеално се сложуваат со црвени, добро функционираат со менталниот окер, најдобра комбинација чинат со сините. Виолетовите и жолтите им се целосна спротивност.
Нивната сила се темели на чистата радост и дружбата со другите луѓе. Парите ги сфаќаат не премногу сериозно бидејќи веруваат дека секогаш ќе бидат згрижени. Одлични се за раководни работни позиции.
Физичкото чувство за нив е како инјекција со адреналин.
