Тестирајте се: Дознајте која боја е вашата аура!
Што кажува бојата на вашата аура?
Црвена
Најјаката страна на црвените е нивната способност за снаоѓање во реалниот свет. Што и да прават и што да им се случува, тие се среќни што живеат. За нив не постои нешто што не можат да го видат, чујат, вкусат и допрат. Целта на нивниот живот е материјализирање на идеите, чувствата и желбите на другите луѓе. Настојуваат да дознаат како функционира светот. Љубопитни се и секаде си го пикаат носот. Тие своите чувства ги изразуваат отворено и искрено, през преправање и задни намери.
Брзо се опоравуваат од разочарувања. Тие сакаат луѓе и луѓето им се потребни. На сите големи собири тие се дружат на сите страни и никогаш не постануваат дел од група. Со црвените, портокаловите и темноцрвените влегуваат во конфликти, најдобра сексуална врска имаат со жолтите и физичките окери, додека со зелените градат идеално пријателство.
Тие не се откажуваат дури и кога сите останати се на работ на физичка, духовна и морална исцрпеност. Не настојуваат да собираат пари, кои сами по себе за нив немаат никаква вредност.
Многу се великодушни. Совршено се снаоѓаат во секоја професија која им овозможува долго време да бидат сами и да извршуваат физички напорна работа, проследена со дружење. За нив ниедна работа не е понижувачка. Во однос на духовноста, тие се учтиви и учествуваат во она што се случува.
Физичкото и сексуалното изразување е заштитен знак на црвената боја. Клучот за успех е делување во склад со знаењето за физичката стварност и опипливата околина која ги опкружува.
Црвените сфаќаат сѐ буквално. Тие не се апстрактни мислители, масата е за нив маса. Се чувствуваат угодно и сигурно во светот на природата и природните елементи. Живеат смело, со уживање и ентузијастички.
Најсилна страна им е способноста за снаоѓање во светот, умеејќи самоуверено да ги решаваат секојдневните проблеми. Тие чувствуваат стравопочит кон величествената моќ на природата. Го знаат своето место во односите со луѓето и физичката реалност. Без разлика дали се борат со катастрофа, спасуваат човек од зграда во пожар или едноставно го живеат животот, црвените се секогаш среќни што се живи.
