Тестирајте се: Дознајте која боја е вашата аура!
Што кажува бојата на вашата аура?
Темноцрвена
Тие живеат на свој начин, онака како што нив им одговара, но настојуваат со својот животен стил да не ги загрозат другите. Живеат на работ на реалноста, замислувајќи 3Д физичка околина која многу се разликува од онаа во која секојдневно живееме. Тие имаат бистар и жив ум. Постануваат стручњаци за она што ги интересира, но не сакаат да го оптоваруваат мозокот со небитни работи.
Најголем проблем, кога станува збор за чувствата им е осаменоста. Се плашат да бидат сами. Често го менуваат расположението. Инаку многу се дружељубиви, непредвидливи и не обрнуваат внимание на социјалните норми. Во односите со другите, врските со други темноцрвени се многу проблематични, најдобро пријателство имаат со жолтите, можат да остварат платонски однос со прекрасниот окер, а најидеална врска градат со зелените.
Тие се неконформисти и затоа не сакаат да се ограничуваат заради некакви обичаи, правила или закони. Личната сила лежи во нивното настојување на сопствените правила на однесување бидејќи прилагодувањето на општествените норми физички ги исцрпува.
Со пари се снаоѓаат одлично, а од професиите најдобро се снаоѓаат во креативни и флексибилни занимања кои нудат можност за развој на нови идеи и изуми. Овие поединци настојуваат својата индивидуалност да ја изразуваат преку креативно и талентирана употреба на сировините и материјалите со кои располагаат.
Животот го гледаат низ темноцрвени очила
Нив најтешко им е да ја сфатат разликата помеѓу ангажманите и заробеноста. Да седат во канцеларија од 9 до 5, да бидат во брак и да имаат деца, за нив е форма на умоболност. Тие нудат нови перспективи, отвораат нови видици и истражуваат нови почетни точки и на тој начин влијаат на нашето разбирање на креативноста.
