Тестирајте се: Дознајте која боја е вашата аура!
Што кажува бојата на вашата аура?
Пожртвуван окер
Двобојна аура во спектарот на личноста. Бојата која е најблиска до телото на пожртвуваниот окер е менталниот окер, на кој се надоврзува оној со сина боја. Оваа боја ја карактеризира комбинација од многу особини на менталното и емотивното семејство на бои. Но, пожртвуваниот окер има единствени карактерни особини и личност, па функционира значително различно и од менталниот окер и од сината боја.
Неговата смисла за животот е братство меѓу луѓето. Тие се жив пример за хуманоста. Исполнувањето на таа задача ја манифестираат преку услужување на семејството, соседството, својот град, земјата, светот. Потребите на другите за пожртвуваниот окер се поважни од нивните лични.
На сѐ што е дел од секојдневниот живот, тие им пристапуваат посветено, истрајно и многу одлучно ќе дадат сѐ од себе за да ги завршат навреме сите свои обврски. Тие многу се посветуваат и на размислувањето. Секогаш проверуваат дали нешто погрешиле или испуштиле. Тие се љубезни и сочувствени. Најнесебични се од сите бои во спектарот.
Лекцијата која треба да ја научи пожртвуваниот окер е задоволување на своите потреби, на сопствените желби и копнежи, за да би бил животот вреден за живеење. Тие мораат да научат дека е во ред да им угодуваат на другите, но дека и себеси треба нешто да си дозволат.
