Просветно дело ви ја подарува „Пустински цвет“ од Варис Дирие | Кафе пауза

Просветно дело ви ја подарува „Пустински цвет“ од Варис ДириеВарис Дирие побегнала од тешкиот живот во африканската пустина како млада тинејџерка, сиромашна и неписмена, со една единствена излитена шамија.

Денес живее во Њујорк, таа е врвна светска манекенка и специјален амбасадор на Обединетите нации; таа патува низ светот како елоквентен и страстен борец за човекови права. Во оваа значајна книга, од прва рака, таа ни раскажува за својата драматична и вдахновена одисеја.

Оваа книга воодушеви многумина, а ова се само еден мал дел од убавите зборови кажани за неа:

Извонредна храброст… најубаво вдахновение за секого.“ – Елтон Џон

„Приказна која тече од еден на друг континент, ги опфаќа световите на човечкото искуство и на човечката болка… Варис Дирие, некогаш била жртва, но тоа никогаш повеќе нема да биде. Таа сѐ уште се бори, сѐ уште со помош на нејзината убавина и храброст, така, како што знае и умее, се бори за правда.“ – весникот „Sunday Express“

„Нејзината прва работа била сликањето за календарот на Пирели, заедно со една непозната девојка од Стретема, по име Наоми Кембел… Сега е писател на книга објавена на четиринаесет јазици, која толку многу го воодушеви Елтон Џон, што тој ги откупи правата за снимање филм.“ – весникот „The Times“

„Извонредно драматична и трогателна приказна“ Kirkus Book Rewies

Просветно дело доделува 2 книги за двајца посетители на Кафе пауза.

Наградната игра ќе трае до 3 август, а за учество оставете го само вашето име и презиме во комбинација со некаков коментар. Добитниците ќе бидат избрани по случаен избор.


Летна кампања во Просветно дело: ФАТИ СЕНКА И ЧИТАЈ!

Просветно дело ви ја подарува „Пустински цвет“ од Варис ДириеПросветно дело на сите вљубеници во убавиот пишан збор им овозможува да го направат својот избор за летно читање со попуст од 30%. Било за под сенка, под климатизер или покрај вода, изберете некој од хит-насловите како „Слатки мали лажливки“, „Озборувачка“ или „Вампирски дневници“ со супер-попуст од 30%.