Серијалот „ОЗБОРУВАЧКА – Карлајлиеви“ ни го прикажува животот на најпопуларните млади жители во Њујорк, припадници на елитата која посетува најскапи приватни училишта и ужива во сите благодети на богатството. Будното око, насекаде присутната девојка со псевдоним „Озборувачка“ нема да се воздржи од тоа да ги открие и најмрачните тајни што ги кријат наследниците на њујоршката елита. Таа знае дека тие тајни будат голем интерес.

Еве за што накусо станува збор во четирите продолженија, инаку бестселери на Њујорк тајмс, кои може да ги најдете во книжарниците на Просветно дело.

1. ДЕЛ – ОЗБОРУВАЧКА

Популарната „Озборувачка“ во пишана форма во вашите рацеЗемете ги вашите пенкала „монтбланк“, чантите „клое“ и џемперите од кашмир: Ова е сосема нова сезона во Горната источна страна и неодоливата тројка Карлајлиеви ќе го разбранува Менхетен. Ова ќе биде уште една луда и лукава година, а јас ќе бидам овде за да ви ги потшепнувам сите сочни тајни…

Знаете дека ме сакате,
Озборувачка



2. ДЕЛ – ЕДНОСТАВНО НЕ ТИ Е ДОВОЛНО

Популарната „Озборувачка“ во пишана форма во вашите рацеСептември е… Време е да ги тргнете белите кратки фустанчиња за на плажа и еспадрилите на висока платформа и да му кажете збогум на источниот крај. Но, кажете им здраво на новите жители на Менхетен, на Карлајлиевата тројка. Заклучете си ги дечковците и фрлете го клучот, бидејќи Б и А се позгодни и од Њујорк за време на спарното индијанско лето.

Знаете дека ме сакате,
Озборувачка


3. ДЕЛ – ДАЈ МИ ШАНСА

Популарната „Озборувачка“ во пишана форма во вашите рацеОпштествената хиерархија на Горната источна страна забележа огромни промени откако тројката Карлајлиеви се досели во градот. Бејби мислеше дека ја пронашла вистинската љубов… Овен ја украде девојката на најдобриот пријател… Праксата на Ејвери во познатото списание ја стави во позиција да ја урне својата број еден (не)пријателка… Сè е дозволено во љубовта и војната. Нели?

Знаете дека ме сакате,
Озборувачка


4. ДЕЛ – САКАЈ ГО ОНОЈ СО КОГО СИ

Популарната „Озборувачка“ во пишана форма во вашите рацеСега е Денот на благодарноста, а тројката Карлајлиеви се благодарни што можат да побегнат од студот во Њујорк Сити – тие летаат во тропските краишта и со себе ги водат сите свои другари. Сонцето не е единствената топла работа во ова бегство на одмор – предвидувам и многу топли и влажни шанкови покрај базени. Затоа, не заборавајте да понесете со себе заштитно средство од сонце… за да не изгорите.

Знаете дека ме сакате,
Озборувачка

Просветно дело наградува двајца посетители на Кафе пауза со по еден роман од овој серијал.

За да учествувате, пишете која е вашата омилена сцена од ТВ серијалот, кој ви е омилен лик и зошто или пак ослободете ја фантазијата и опишете ја вашата улога во животот на Горната источна страна. Наградната игра ќе трае до 31 мај, а добитниците ќе бидат избрани од уредниците. Затоа, внимавајте што ќе пишете. 😉

Наградите ќе можете да си ги подигнете во книжарница бр. 2 (во редот на полициската станица Беко).


Наградната игра е завршена. Среќните добитнички се Лоди Додевска и Дајана Јовановска. Честитки!