Просветно дело подарува книга од серијалот „Вампирски дневници“ | Кафе пауза

Станува збор за првиот тинејџерски серијал за вампири. Првата книга е објавена во 1991 година и досега се објавени седум продолженија. Само во Северна Америка се продадени повеќе од три милиони примероци, а серијалот е објавен во дури 30 земји. Од 2009 година започна емитувањето на мегапопуларната ТВ серија „Вампирски дневници“ базирана на овие бестселери.

Вампирските дневници првпат се објавени во 1993 година и реобјавени во 2001. Поради континуираниот успех, овој серијал денес има култен статус. И по реобјавувањето во 2007 година, Вампирските дневници повторно се бестселер!

Поради огромниот успех и на серијалот и на ТВ серијата, издавачот „Harper Teen“ и авторката Ел Џеј Смит потпишаа договор за нови продолженија на „Вампирските дневници“ насловени како „Дневниците на Стефан“ според кои ќе се снима и ТВ серија. Смит ќе напише и нова трилогија поврзана со Вампирските дневници насловена како „Враќање“.

Вампирските дневници беа на листата на бестселери на Њујорк тајмс над 35 недели и преведени се во над 30 земји.

1. ДЕЛ – БУДЕЊЕ

Просветно дело подарува книга од серијалот „Вампирски дневници“Елена Гилберт е најпопуларната девојка во средното училиште „Роберт И. Ли“. Со почетокот на новата учебна година пристигнува таинствениот, но мошне привлечен странец Стефан Салваторе. Решена да го освои Стефан, Елена открива страшна тајна…

Во времето на ренесансата, во Фиренца, Стефан живеел како човек. Љубовта кон убавата Кетрин го направила вампир. Но, Кетрин ја сакал и неговиот постар брат Дејмон. Соперништвото помеѓу Стефан и Дејмон продолжува да тлее со векови. Препознавајќи ја Кетрин во Елена, двајцата браќа повторно се на двобој еден против друг.

2. ДЕЛ – БОРБА

Просветно дело подарува книга од серијалот „Вампирски дневници“Елена се обидува да го спаси животот на Стефан, а Дејмон не се откажува од обидите да го добие нејзиното внимание…

Настојувајќи да одолее на моќите на Дејмон, Елена открива дека исчезнал нејзиниот дневник, а во него се напишаните и нејзините најмрачни тајни… Оттогаш веќе ништо не е исто…

На прагот на есента Елена ги става на коцка и својот живот и својата љубов…

Во оваа книга сè се менува и Елена никогаш повеќе нема да биде иста!


3. ДЕЛ – БЕС

Просветно дело подарува книга од серијалот „Вампирски дневници“Будејќи се од смртниот сон, Елена е преобразена. Но преобразбата не е конечна… Дејмон конечно успева да ја придобие. Но, дали желбата за одмазда кон Стефан е посилна од слаткиот вкус на победата?

Стефан е скршен по губењето на Елена и подготвен е на сè за да ја освои повторно. Но, кога ќе открие дека неговиот брат не му е единствениот непријател, тој и Дејмон ќе мораат да ги здружат силите против непознатиот непријател за да ја заштитат личноста која двајцата ја сакаат.

Елена уште еднаш се бори за живот…


4. ДЕЛ – МРАЧНО ОБЕДИНУВАЊЕ

Просветно дело подарува книга од серијалот „Вампирски дневници“Трудејќи се до го одржи ветувањето што ú го даде на Елена, Стефан ги здружува силите со својот брат, но смртта што ќе следува повторно ќе ги фрли во омраза…

Уште многу мистерии и зло се кријат во Фелс Чирч, а најголема закана е еден припадник од редот на Древните вампири…

Кулминацијата се случува ноќта на летната рамнодневница, кога мртвите души слободно талкаат во светот на живите…




Просветно дело наградува еден посетител на Кафе пауза со првиот дел од серијалот „Вампирски Дневници“ и тројца читатели со златна ВИП картичка, со која се добива попуст од 15% на секоја книга купена од нивните книжарници.

За да учествувате, пишете ни кој ви е омилен вампир од сериите и филмовите и зошто. При оставањето на вашиот коментар, пишете го вашето име и презиме. Наградната игра ќе трае до 15 јуни, а добитниците ќе бидат избрани од уредниците.

Наградите ќе можете да си ги подигнете во книжарница бр. 2 (во редот на полициската станица Беко).