Видео кое ќе ве згрози и разбесни: Медицинска сестра претепала бебе бидејќи плачело

На некои луѓе им е многу и правото на живот што го добиле на овој свет, а не па работата која вклучува одговорност и грижа за други човечки суштества. Колку некој треба да е бездушник за да претепа 4-дневно бебе заради тоа што плачело???

Случката е од 18 април годинава, а сведоштвото постои благодарение на сигурносната камера поставена во едно породилиште во Софија, Бугарија. Наводно, сестрата била иритирана од бебешкиот плач, па очигледно планирала тоа да го реши со силно тепање и обид за давење.

Во описот на видеото стои дека на медицинската сестра ѝ е одреден притвор во времетраење од 72 часа и дека ќе биде обвинета за обид за убиство. Бебето е во критична состојба, но благодарение на брзата реакција на докторите, полека се опоравува.