2-годишно девојче ја прекорува мајка си бидејќи ѝ се смее додека таа се обидува да пее

За ова видео мора да ја пуштите опцијата за титл (Subtitles/CC) бидејќи дури и да разбирате англиски, тешко ќе можете да ги препознаете (ирски?) зборовите во слатките наредби на ова неодоливо девојче кое се труди да има сериозен настап со песна од „Frozen“. Бидејќи мајка ѝ не може да се воздржи од смеење, таа строго ја кара, на што мајката реагира, секако, со уште повеќе смеење.