Згодна пијана девојка ве прашува за насоките. Како би изреагирале?

Доколку наидете на згодна девојка во кратко фустанче која се тетерави со шише во рака, дали би се обиделе да ѝ помогнете или можеби ќе сакате да ја искористите приликата за да дојдете до лесен секс?

Секако, условот е да сте машко и/или да сакате девојки. Оваа девојка е спремна за флертување, а момците на кои наидува се очигледно спремни да ѝ помогнат… да дојде до нивната кола или стан.

Се работи за социјален експеримент на Стивен Занг кој за жал покажува една грда страна на реалноста – искористувањето на пијаните девојки за секс по сè изгледа не е само честа сцена во тинејџерските филмови.