Жените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажите

Кога сте принудени да го инвестирате своето време и енергија во погрешни партнери, единствениот резултат кој следува како последица е тоа што ќе завршите повредени, фрустрирани и нервозни. Во тие моменти, клучно е да го пронајдете мирот и чувството за среќа во животот и жестоко да се борите да ги задржите, не дозволувајќи некој друг да ви го одземе тоа задоволство. Сепак, не смеете да се откажете ниту од љубовта.

Жените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажите

Во оној момент кога ќе ја пронајдете вистинската личност која ве инспирира и искрено ве цени, тогаш ќе се ослободите од сите стравови. Но, како да го сторите тоа без да го ризикувате мирот за кој напорно сте работеле да го култивирате во својот живот? Во продолжение прочитајте ги 9-те работи кои можете да ги направите за да се погрижите дека вашето срце ќе остане цело и безбедно.

1. Избегнувајте партнери со очигледна ниска самодоверба. Ако самиот не се сака, цени и почитува тогаш сигурно нема да може да го стори истото и за вас. Пронајдете некој кој има поголема доверба во себе и своите способности.

2. Погрижете се неговите семејни и пријателски вредности да се совпаѓаат со вашите. Доколку сакате да го поканите во својот живот, најпрвин анализирајте го неговото однесување. Погледнете дали неговиот однос со семејството и пријателите е цивилизиран и нормален и дали неговите обврски и одговорности се под контрола.

Жените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажите

3. Не го прифаќајте неговото лошо однесување. Доколку покажува негативен, критички и некомуникативен однос со пасивна агресија, тогаш разговарајте со него и кажете му како се чувствувате. Ако не може да се откаже од неговите лоши навики и одлуки, тогаш време е да ставите крај на вашето дружење.

Жените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажите

4. Обрнете внимание на тоа што го прави, а не на тоа што го кажува. Делата зборуваат погласно од зборовите. Оној партнер кој е љубезен, дарежлив, досетлив и способен да бара компромис е партнер кој вреди да го имате покрај себе.

Жените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажите

5. Погрижете се да ве вклучи во сите аспекти на неговиот живот. Доколку искрено ве сака, тој ќе го сподели неговиот приватен и професионален живот со вас и нема да се срами од фактот што токму вие сте личноста со која избрал да ја дели својата животна приказна.

Жените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажите

6. Бидете сигурни дека е заинтересиран за вас. Доколку навистина ве цени, тој ќе ве направи дел од неговите приоритети во животот. Ќе сака да поминува време со вас и ќе ви каже кои ваши карактеристики му се допаѓаат. Нема да има потреба да се запрашувате како тој се чувствува или што мисли за вас. Ако е заинтересиран, вие тоа ќе го знаете.

Жените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажите

7. Бидете сам свој адвокат. Кога нешто ви пречи, кажете му. Ако ги занемари вашите чувства или се обидува да го оправда и одбрани своето однесување, тогаш не е сѐ во најдобар ред. Барајте партнер кој знае да ги препознае своите грешки и е способен да ги направи потребните промени. Некој кој ќе знае да ги почитува вашите чувства и некој за кој ќе можете и вие да го сторите истото.

Жените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажите

8. Почекајте пред да спиете со него. Кога сте сериозни во потрагата по вистинската личност, добро е да почекате додека не развиете емоционална поврзаност пред да стапите во поинтимен однос. Ова е една од најдобрите стратегии за поуспешна врска.

Жените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажите

9. Погрижете се да се чувствувате среќно и опуштено. Ако се чувствувате анксиозно и нервозно, тогаш нешто не е во ред. Верувајте им на своите инстинкти и дајте си време. Ако има повеќе лоши отколку добри денови, тогаш време е да ја продолжите потрагата.

Жените кои ги прават овие 9 работи никогаш не можат да бидат изиграни од мажите


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар