Застрашувачко: Колку лесно можат педофилите да грабнат дете со помош на социјалните мрежи?

Колку разговарате со вашето дете? Дали знаете со кои луѓе тој или таа комуницира на социјалните мрежи? Според овој социјален експеримент, доволни се само неколку дена за педофилот да го измами вашето дете, така што ќе го натера да помисли дека станува збор за младо момче или девојче со цел да излезат заедно. Но, откако ќе излезат… Работите брзо можат да избегаат од контрола.

Погледнете го ова застрашувачко видео заедно со вашите деца и потоа разговарајте сериозно на оваа тема. Тие можеби не би зборувале со непознати личности во реалноста, но дали го почитуваат тоа правило и во виртуелниот свет?