Виновно кутре се обидува „незабележливо“ да избега од неволја

Ви се случило некогаш да бидете „фатени на дело“ и да ви е толку многу срам што едноставно сте посакале да исчезнете? Да? Епа токму тоа му се случило и на ова слатко кутре кога го откриле како прави бељи.

Маци срушил канта за отпадоци и според изразот на неговото лице можеме веднаш да заклучиме дека тој знае дека направил нешто што не треба. Но, додека неговата сопственичка се обидува да го искара за она што го сторил, тој се обидува „незабележливо“ да избега, употребувајќи ги притоа своите неверојатни нинџа способности!