Темната страна на љубовта

Најтемната вистина за љубовта е дека никогаш нема да ја најдеш вистинската личност. Таа не постои. Ти си непоправливо сам и никогаш нема да го смениш тоа. Нема да бидеш ниту разбран од некого. Моментите со љубов кои досега си ги имал биле само илузија. Таа илузија служи само за да те оттргне од вистината дека си сам во своето постоење. Но, ајде да се преправаме дека не знаеме за сето ова.

Така Хана Џејкобс ја опишува темната страна на љубовта. Таа е млад илустратор и аниматор од Лондон која неодамна завршила на Кралскиот колеџ за уметности во истиот град. Почнала да го работи откако била инспирирана од делата на Ален Де Ботон и неговите размислувања за љубовта. Тие се егзистенцијалистички и делуваат многу сурово, па затоа оваа млада девојка своето дело го завршува со порака да заборавиме на сево ова.