Таа тврди дека мрази мачки, но штом ја отвора кутијата нештата се менуваат!

Ривалството помеѓу љубителите на мачиња и кучиња е многу старо. И секако дека едните ќе изберат мачиња – и ќе ги мразат или помалку ќе ги сакаат кучињата и обратно. Но што се случува кога станува збор за бебиња-животни?

Базфид направиле видео во кое луѓето кои мразат мачки се сретнуваат со малечки мачиња – затоа што кој може да им одолее? Голем дел од учесниците објаснуваат дека тие не сакаат мачки поради лоши искуства од минатото. Но како со секое животно, така и со мачките – взаемната почит е клуч на добриот однос. Интересно е што на крајот од ова видео скоро сите учесници остануваат восхитени од овие мали крзнени животни. Значи, видеово докажува дека не постои нешто што има поголема моќ од минијатурно животно.