Спремете се за солзи: Емоционално видео во кое млад пар гледа како би изгледале кога ќе остарат

Сите млади луѓе на светот се во потрага по романтична личност, својата сродна душа, човек со кој ќе сакаат и ќе можат да го поминат остатокот од животот. Кога конечно ќе ја најдеме таа личност можеме само да си замислуваме како ќе изгледа нашиот живот кога ќе остареме заедно, но никогаш не би можеле да искреираме толку визуелна слика која би ни покажала како би изгледале со партнерот, да речеме за 30 или 40 години од сега.

Во новото видео од „Cut“, Кристи и Тревис, двајца млади луѓе кои наскоро ќе стапат во брак, го прифатиле предизвикот да подлегнат на простетична шминка која ќе им овозможи да се видат себеси на 50, 70 и 90 години. Нивните коментари на моменти се духовити, „се надевам дека ќе изгледаш вака“, ѝ вели Тревис на Кристи „на 50-годишна возраст“. Она што изненадува е дека „како поминуваат годините“, тие стануваат сè повеќе емоционални. Бидејќи надворешните карактеристики кои на почеток нè привлекуваат кај партнерот, со текот на годините стануваат сè помалку привлечни, но моќта на љубовта е во тоа што зад старите збрчкани лица ние сè уште можеме да ја видиме убавината.