Што ќе се случи ако ставите стопен алуминиум во лубеница?

Не постои ништо поинтересно од уништувањето на добро овошје во името на науката. На соодветно именуваниот Јутјуб канал „The Backyard Scientist“ има многу чудни и интересни експерименти, кои понекогаш знаат да бидат и малку опасни, па токму затоа и не треба да се обидувате да ги рекреирате сами. Но, кога тие одлучиле да сипат стопен алуминиум во лубеница, резултатот бил многу позабавен и помалку експлозивен отколку што се очекувало.