Различни звуци имаат разни чудни влијанија на нашите тела. На пример, звукот на нокти кои гребат по табла е толку иритантен што некои луѓе дури чувствуваат болка во забите. Но, за мачката Блу, звукот на туткање на амбалажниот целофан предизвикува многу „луда“ реакција.
Звукот на туткање на тенка алуминиумска фолија или тропкање со метални лажици може да предизвика напади, па имајте го ова на ум доколку чувате мачка.
За среќа, реакцијата на Блу на целофанот е сосема безопасна, и секако многу смешна. Таа веројатно не ни може да ја контролира оваа своја реакција, па баш се прашуваме што си мисли при секое шушкање пред да го извади јазикот надвор.
И други мачки имаат слични чудни реакции на разни звуци. Погледнете како реагира оваа мачка на звукот на селотејп.
Неколку совети од стоицизмот за пребродување на тешките времиња
Тест на личноста кој ќе ви помогне да откриете нешто повеќе за себе
Финансиски хороскоп за октомври 2023 година!
Мудри цитати од кралот Соломон кои можат да ви помогнат во тешките мигови
Кои прашања можат да ја опуштат атмосферата за време на првиот љубовен состанок? 