Ова поларно мече сè уште не знае да плива, среќа мајка му е тука да му помогне

Ова неодоливо видео било објавено во 2013 година, но дури сега станало вирално со над 1,25 милиони прегледи. За време на изложбата на поларни мечки во оваа зоолошка, една група луѓе не можеле да го изнагледаат малото бебе мече кои весело си играло покрај водата. Но, во еден момент тоа паднало во неа и бидејќи уште не знаело да плива, мајка му без размислување скокнала во водата за да му помогне. Зарем сте виделе нешто послатко?