Обидете се да не заплачете: Овој старец по 73-годишен брак со песна се опростува од својата сопруга

Кога Хауард одел на бојното поле за време на Втората светска војна, неговата сопруга, Лаура, му ја пеела песната „You’ll never know“ од Роузмари Клуни и Хери Џејмс. 70 години подоцна, тој се опростува од својата љубена со истата песна во емотивно видео кое го снимила нивната внука Ерин Солари.

92-годишната Лаура која е тешко болна, моментално се наоѓа во болница, а нејзиното семејство полека се опростува од неа. Токму затоа и 93-годишниот Хауард решил да го направи тоа преку песната која има огромно значење за нив. Ве предупредуваме, видеото со сигурност ќе повика солзи во вашите очи.