Неочекуваната моќ на џвакањето мастика

Во еден социјален експеримент повикале парови од идентични близнаци, при што на едниот му давале да џвака мастика, а на другиот ништо. Во експериментот учествувале и 481 учесник, кои требало да одговараат на прашања гледајќи ги паровите од скоро идентични луѓе. Во 73% од случаите, луѓето ги фаворизирале оние кои џвакале мастика. Добро е да се знае колку го поправаме впечатокот со едноставно преметнување на парче растеглива гума во нашата уста.