На овие танчари им се остварува најлошиот кошмар на сцена, но потоа се враќаат со неверојатен перформанс

Не постои танчар кој не стравува од повреда за време на настап, но за жал дел од нив поминуваат низ ова застрашувачко сценарио. Токму тоа и им се случило на овие 4 танчари за време на аудицијата за „America’s Got Talent“. Откако едниот од нив си го повреди своето колено, тие беа присилени да ја прекинат својата рутина. Танчарот се здобил со посериозна повреда и морал веднаш да биде пренесен во болница.

За среќа судиите им дале избор на преостанатите 3-ца, велејќи им дека тие можат да настапат повторно, без нивниот пријател или пак, да се вратат сите заедно следната година. Тие се одлучуваат за дуо, без претходна подготовка, кое по сите дефиниции за танцување беше исклучително. Не знаеме од каде ја собраа оваа сила и енергија, но тие покажаа вистински професионализам и неверојатен талент!