Застрашувачко видео ни покажува колку лесно децата им веруваат на непознати луѓе

Јутјуберот Џои Саладс направил ново видео во кое повторно ни покажува колку лесно можат да се излажат малите деца. Во претходното видео имавме можност да видиме како децата од игралиште тргнуваат рака под рака со него, со цел да ги видат неговите кучиња дури и покрај тоа што не го познаваат. Овој пат, тој пристапил до нивниот дом, тропнал на вратата и добил дозвола да влезе од секое дете, велејќи им дека е пријател на мама и тато.

Но, она што е уште позастрашувачко е реакцијата на нивните родители откако Џои ќе влезе во нивниот дом. Нив не им е јасно зошто тие би пуштиле непознат човек во својот дом и покрај тоа што постојано им велат да не зборуваат со личности кои ги знаат. Целта на ова видео, како и на претходното е да ги поттикне родителите посериозно да разговараат со децата на оваа тема, бидејќи постојат грабливци зад секој агол…