Луѓе се обидувале да ја погодат возраста на оваа жена преку 2 фотографии. Нивните одговори ќе ве изненадат!

„Garnier“ спровеле експеримент со цел да откријат како влијае уморот врз кожата на модерната жена. Верувале или не, нивните резултати покажуваат дека уморот може да додаде и до 5 години на изгледот на жените.

Тие поканиле една жена да учествува во целодневен експеримент, така што ја фотографирале утрото, ја следеле во текот на целиот ден и потоа направиле уште една фотографија од неа на крајот на денот. Додека таа ги завршувала своите секојдневни обврски, тие ја покажувале нејзината фотографија на случајни минувачи велејќи им да погодат колку години има. Нивниот одговор варирал помеѓу 26 и 32. Но, 13 часа подоцна, откако втората фотографија била направена, тие повторно прашувале случајни минувачи колку години мислат дека таа има и нивните одговори биле многу изненадувачки.

Истражувањето покажало и дека фацијалните знаци на уморот можат да влијаат врз интерперсоналното однесување како и врз начинот на кој ги третираме другите.

„Ова истражување покажува потенцијална поврзаност со начинот на кој се перципира привлечноста и партнерството. Всушност, желбата жените да изгледаат помалку уморни е една од примарните мотивации тие да се одлучат на козметичка хирургија.“