Вистина или пиј: Родители и нивните возрасни деца одговараат на непријатни прашања

„Вистина или предизвик“ е една од најпопуларните игри од нашето детство. Имајќи го тоа на ум, што мислите за една мала адаптација на оваа игра во која наместо предизвик, доколку не сакате да одговорите на прашањето треба да се напиете алкохол? Веднаш размислувате да им ја предложите оваа игра на вашите пријатели, нели?

Но, дали некогаш би биле доволно храбри да играте „Вистина или пиј“ со вашите родители или деца доколку се вклучени низа непријатни прашања кои никогаш не би се осмелиле сами да ги поставите? Прашања како „Која е вашата омилена секс поза?“, „Кога ја изгубивте невиноста?“ или пак, „Дали некогаш сте имале секс во тројка?“

Неколку родители и нивните деца се осмелиле да се обидат и мора да признаеме дека нивните реакции навистина се бесценети. Но, уште поинтересно е тоа што се доволно храбри повеќе да одговараат на прашањата отколку да пијат. Всушност, доколку не го правеа тоа, ова видео воопшто немаше да биде забавно за гледање, па токму затоа сме им многу благодарни! 🙂