Костимите за капење од изминативе 100 години во 4 минути

Во 1920-тите, во мода биле едноделните костими за капење. Потоа, во 50-тите, нив конечно ги замениле бикините, за во 90-тите повторно да се вратат едноделните модели, но овој пат во Бејвоч стил, високо откроени кај колковите. Истовремено, покажувањето кожа на плажа се менувало од ограничено и законски контролирано, како средство за презентирање моден став, па сè до промовирање на позитивна слика за телото.

Во видеото од Базфид многу интересно ни е прикажана историјата на костимите за капење, пропратена со забавни факти и одлична музичка подлога. Сте знаеле дека во 20-тите години на минатиот век костимите за капење се правеле од волна? Не пропуштајте го видеото, многу е забавно. А на крајот доаѓа една освежувачка порака за денешницата.