11 мали, но важни лекции за врските што секој маж треба да ги знае

Вљубувањето е прекрасно чувство и секој од нас се заљубил барем еднаш во текот на својот живот. Не е многу тешко да се вљубите, она што е тешко е да ја одржите врската. Ако игнорирате проблеми и не им давате значење на многу работи, таа без сомнеж ќе води кон крај. Ова особено се случува од страна на мажите, бидејќи ни најмалку не се заинтересирани за ситниците, додека жените се многу чувствителни во врска со нив. Еве некои важни лекции кои мажите треба да ги научат за да избегнат лоши искуства.

11-mali-no-vazni-lekcii-za-vrskite-koi-sekoe-momche-treba-da-gi-znae-kafepauza.mk

1. Блискоста се зголемува со текот на времето

На почетокот на секоја врска има двоумење кога се во прашање споделувањето на чувствата и емоциите, од страв дека ќе бидете разбрани погрешно. Но како што поминува времето, вашата поврзаност созрева и ќе ви стане многу поудобно да споделувате сè со вашиот партнер. Разменувањето мисли, чувства и емоции не треба да го натера мажот да бара простор. Мора да прифатите дека работите ја менуваат формата со текот на времето.

2. Блискоста го менува однесувањето

Кога сте во фазата на удобност со партнерот, се менува и вашето однесување кон личноста што ја сакате. Вашиот партнер може да почне да ви кажува работи кои не ги сака, но не ги споделил со вас бидејќи не сте биле толку отворени еден кон друг. Треба секогаш да бидете отворени кон приспособување со промените во однесувањето кои можат да се случат.

3. Очекувањата се зголемуваат со љубовта

Се случува, па затоа бидете внимателни!

4. Тенка е линијата помеѓу очекувањата и барањата

Додека некои се мачат со фактот дека нивниот партнер има очекувања кои треба да ги исполнат, некои се заглавени во разликата помеѓу очекувањата и барањата. Важно е да знаете дека е тенка линијата помеѓу овие две работи. Барањата можат да бидат неразумни и можете да бидете присилени да ги исполните. Но очекувањата, од друга страна, се нешто што доаѓа со вашиот придонес во врската. Тоа доаѓа како резултат на вашето однесување во врската.

5. Барањето внимание не значи да го вложите целото ваше време

Секој пар е различен и има потреба од различни нешта. Ако вие сте покомуникативни, постои голема шанса вашиот партнер да не биде или ако вие сте чувствителни, вашиот партнер да не е… Па ако партнерот бара внимание од вас, тоа не значи дека сака целиот ден да го поминете заедно.

6. Не е секогаш жената таа што страда од преголемо его

Многу често мажите мислат дека жените имаат проблеми со егото, бидејќи не се обидуваат да ги средат работите веднаш по секоја караница, па мажот треба да биде оној кој го презема водството. Ова се случува поради недоразбирање, бидејќи и мажите треба да бидат малку пофлексибилни и да работат на прифаќањето дека тоа што го чувствуваат можеби е погрешно.

7. Не е осамена ако секогаш е достапна за вас

Во природата на жените е кога се вклучени во нешто да се посветат на тоа со целото срце. Ако таа може да одвои време за вас, не значи дека нема што друго да прави и дека нема никого со кој би можела да разговара.

8. Одлучете се да преземате одговорност

Ако планирате да започнете врска, или веќе сте во врска, треба да знаете дека ќе се појават одговорности кои ќе треба да ги преземате. Вашиот партнер ќе очекува некои работи од вас, и доколку не сте спремни за тоа може да настанат проблеми во вашата врска.

9. Нејзината посветеност не треба да влијае на нејзината самопочит

Не е лесно да се најде девојка која ве разбира најдобро, ве сака безусловно и ве почитува најмногу. Доколку сте ја нашле, ваша одговорност е да не дозволите да ја изгуби својата самопочит.

10. Попуштањето не треба да биде тешко

Расправиите и несогласувањата се дел од секоја врска, но она што ве држи заедно е вашата љубов. Кога љубовта е присутна, потрудете се да не дозволите вашето его да биде посилно од неа. После расправање не треба и двајцата да чекате некој да се извини прв. Не треба и секогаш жената да биде онаа што ќе се извини. Бидејќи и двајцата имате иста цел да ја одржите врската, понекогаш попуштете и истапете напред.

11. Љубовта не е само за да ја чувствувате

Чувствата треба да се искажуваат. Мажите многу поретко го прават ова, па од тука можат да произлезат многу проблеми. Бидејќи жените без проблем ги искажуваат нивните чувства кон вас, тие го очекуваат истото за возврат. Љубовта секако е чувство, но искажувањето е нејзиниот јазик.

Погледнете ги и љубовните совети кои ги даваат овие мали момчиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар