25 неверојатни факти за Маите кои ќе ве изненадат

Маите биле една од најголемите цивилизации во Централна Америка. Нивната цивилизација се издигнала и пропаднала неколку пати во последните 2000 години и всушност сè уште постои културата на бројни Маи кои го населуваат полуостровот Јукатан. Прочитајте ги овие неверојатни факти за нив.

25-neverojatni-fakti-za-maite-koi-kje-ve-iznenadat-kafepauza.mk

1. Иако нивниот број е намален, во многу рурални делови од Мексико и Гватемала, јазикот и културата на Маите сепак се сочувани.

2. Околу 7 милиони Маи сè уште живеат на полуостровот Јукатан.

3. Некои лингвисти веруваат дека зборот „ајкула“ (shark) всушност е збор кој потекнува од Маите.

4. Пред-колумбиските Маи многу често ги „нагласувале“ физичките карактеристики на нивните деца. Мајките ги притискале нивните чела со штици за да бидат порамни (посебно во повисоките класи).

5. Исто така ставале предмети пред очите на бебињата додека не им се вкрстат, што било сметано за тренд кај благородништвото.

6. Децата биле крстувани според денот во кој биле родени.

7. Мајанската медицина била многу напредна. Тие ги шиеле раните користејќи човечка коса, поправале заби, па дури правеле и протези.

8. Некои Маи и денес принесуваат крвни жртви. Но немојте да се грижите, човечките жртвувања веќе не се практикуваат… само кокошки.

9. Маите користеле лекови за болка од природата и во нивните религиски ритуали (халуциногени дроги) и во медицината (како анестетици).

10. Маите биле страсни играчи на „Мезоамериканска игра со топка“. Терени за оваа игра биле пронајдени во речиси сите големи градови и играта често била поврзувана со обезглавување и жртвување на губитничкиот тим.

11. Всушност, постои мислење дека отсечените глави биле користени како топка.

12. Модерната верзија на оваа игра, наречена „Улама“, сè уште се игра, но очигледно жртвувањата не се дел од неа.

13. Сауните и собите со пареа имале голема улога во културата на Маите. Тие верувале дека сауните им помагаат да се ослободат од нечистотиите.

14. Иако Маите постојат и денес, последната нивна држава ѝ се покорила на Шпанија во 1697 година.

15. Урнатините и пирамидите кои постојано ги гледате на слики најчесто се од Чичен Ица, еден од најголемите градови на Маите. Овој град неодамна го купил некој приватен сопственик.

16. Затворениците, робовите и други луѓе биле подготвувани за жртвување со тоа што ги боеле со сина боја, а понекогаш и ги мачеле. Потоа биле носени на врвовите на пирамидите. Таму или ги стрелале со стрели, или свештеник им го вадел срцето од градите. Понекогаш свештениците помошници ја дереле жртвата, а главниот свештеник ја облекувал кожата и изведувал ритуални танци.

17. Спротивно на популарното мислење, Маите немаат само еден календар и ниту еден од нивните календари не предвидувал крај на светот во 2012 година.

18. Тие имаат 3 календари кои работат во циклуси. Едниот од нив, Хааб, има циклус од 365 денови исто како модерниот Грегоријански календар. Календарот за долго броење го започнува циклусот на секои 2.800.000 денови, и се ресетирал во 2012 година. Всушност ова довело до претскажувања за судниот ден.

19. Маите имале еден од најнапредните системи за пишување помеѓу античките цивилизации и пишувале на сè што ќе стигнеле, вклучувајќи ги и нивните градби.

20. За жал, многу од нивните текстови биле изгубени за време на освојувањето од страна на Шпанија. Со макотрпна работа во 20-от и 21-от век многу од нивните преостанати текстови биле зачувани и преведени.

21. Маите никогаш не користеле железо или челик. Нивните оружја биле направени од опсидијан или вулкански камен.

22. Покрај израмнетите чела и вкрстените очи, Маите благородници ги правеле своите носеви клунести. Нивните заби биле покриени со жад.

23. Кога сме кај забите, благородниците ги правеле своите заби шилести.

24. Маите биле меѓу првите кои го користеле бројот 0. Подоцна, индиските математичари станале првите кои почнале да го користат овој број во математички пресметки.

25. Никој не знае како се намалила мајанската империја. Многу пред доаѓањето на Шпанците, голем број од градовите биле напуштени и разурнати. Археолозите претпоставуваат дека причините можат да бидат од суша и глад, па сè до пренаселеност и промена на климата.

Прочитајте и некои од мудростите на древните Маи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Vesna Reply

    20, NAZALOST ,Draga studenke, vo makedonskiot jazik se preveduva i pishuva Za zal
    Imame ubav majcin jazik

    • Моника Трајковска Reply

      Драга Весна,

      Ви благодариме за забелешката за пропустот, поправена е. Имајте си убав ден.

Остави коментар