Ви останаа многу велигденски јајца? Вкусен рецепт за вашето пролетно мени

Кремастата кајгана или јајцето на око во комбинација со омилената салата е чест специјалитет во секое домаќинство. Во нив можете да уживате секојдневно, бидејќи не содржат ниту шеќер ниту јаглехидрати, а богати се со протеини. Токму поради ова, овие вкусни жолто-бели залаци ќе ви овозможат психичка и физичка енергија во текот на целиот ден. Иако полнетите јајца се задолжителни за секој Велигден, често се заборава на нив во текот на остатокот од годината. Денес споделуваме рецепт кој ќе го промени тоа.

1-najvkusni-jajca-koi-zadolzhitelno-mora-da-se-najdat-na-vasheto-proletno-meni-www.kafepauza.mk_

Состојки:

  • 8 големи јајца
  • 2 големи лажици мајонез
  • 1 голема лажица кисела павлака
  • ½ чајна лажица бел оцет
  • ½ чајна лажица зачинат сенф
  • ¼ чајна лажица шеќер
  • Прстофат сол
  • Прстофат бибер

Подготовка:

Првиот чекор е да одвоите 8 веќе готови велигденски јајца или ако немате толку, сварете ги. Ако сега ги подготвувате, исфрлете ја водата во која се вареле и протресете го садот за лушпата лесно да им напукне. Префрлете ги во сад со студена вода, додајте малку сол и оставете ги да се оладат околу 5 минути.

Откако ќе ги излупите јајцата, пресечете ги на половина по должина. Извадете ја жолчката, преместете ги во друг сад и измешајте ги со останатите состојки. Прво додајте го мајонезот, потоа оцетот, сенфот, шеќерот и биберот, а на крај, за да добиете меко и вкусно полнење, целата смеса измешајте ја со една голема лажица кисела павлака.

Половините белки поставете ги на голема чинија и наполнете ги со вкусната смеса. Важно е полнетите јајца на вашата празнична трпеза да бидат прецизно декорирани. Најлесно е смесата за полнење да ја ставите во кеса за замрзнување и низ мала дупка внимателно да ги наполните белките.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар