8 незаменливи причини зошто си ги сакаме баба и дедо

Времињата поминати со нашите баби и дедовци се најубавите сеќавања од нашето детство. Тие нè посипуваат со безусловна љубов и нега и секој од нас има по некоја омилена приказна со нив. Од најстари и најпочитувани во семејството, па сè до нивното детинесто однесување кога ќе се здружат со внуците, тие се вистинско богатство во нашиот живот. Некои од нас се среќни и сè уште ги имаат во својот живот додека многу луѓе ги изгубиле со текот на времето. Погледнете зошто баба и дедо се најдобрите личности во нашиот живот.

Играњето со нив

(1)8-prichini-zoshto-gi-sakame-nashite-baba-i-dedo-kafepauza.mk

Игрите секогаш биле позабавни кога тие ќе се придружат. Покрај тоа, сигурно сте имале и тајни игри кои никој не можел да ги разбере освен вие.

Ништо не е како летните одмори

Како дете секој од нас ги чекаше долгите и мрзливи лета кога можевме да ја посетиме куќата на баба. Отсекогаш сме ја гледале како замок полн со љубов.

Јадењето зготвено од нив

(2)8-prichini-zoshto-gi-sakame-nashite-baba-i-dedo-kafepauza.mk

Има ли нешто повкусно од јадењето на баба? Различните деликатеси приготвени од неа нè носеа на маратон во јадење и вкусот секогаш беше прекрасен.

Даваат најдобри совети

Не размислувајте два пати пред да им доверите некоја тајна или да побарате некој совет. Тие имаат вистинско животно искуство со нивната возраст и имаат најдобри решенија за вашите совети.

Најдобри раскажувачи на приказни

(4)8-prichini-zoshto-gi-sakame-nashite-baba-i-dedo-kafepauza.mk

Тие можат секоја приказна да ја направат волшебна. Успивајќи се секоја вечер слушајќи како ви ја раскажуваат омилената приказна или некоја случка од нивниот живот, се едни од најдобрите сеќавања од детството.

Партнери во криминал

(5)8-prichini-zoshto-gi-sakame-nashite-baba-i-dedo-kafepauza.mk

Знаете кај кој треба да одите кога вашите родители ве караат. Баба и дедо без сомневање ќе бидат на ваша страна и за возврат ќе ги искараат вашите родители.

Приспивни песни

(6)8-prichini-zoshto-gi-sakame-nashite-baba-i-dedo-kafepauza.mk

Нема ништо поубаво од тоа вашата баба да ви дозволи да спиете до неа и да ви пее приспивни песни.

Нивната љубов

(7)8-prichini-zoshto-gi-sakame-nashite-baba-i-dedo-kafepauza.mk

Љубовта која ја имаат за внуците е неизмерна. Поминувајте повеќе време со нив, бидејќи тие се најдобрите!

Погледнете и неколку причини зошто да ги посетите вашите баба и дедо за време на празници.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар