И фоките сакаат да бидат чешкани на стомакот

Фоките се сметаат за подводни кучиња, па токму затоа ова видео воопшто не треба да ве изненади. Снимката е направена со „GoPro“ камера покрај брегот на островите Фејм во Велика Британија, каде што еден тим нуркачи доживеале слатки и незаборавни моменти со група пријателски фоки.