Фотошоп експерти се обидуваат да работат во првата верзија од оваа алатка

8 експерти се собрале со цел да работат во софтверот Фотошоп 1.0. Сите почнуваат со ентузијазам, мислејќи дека нивните способности и знаења ќе им помогнат да создадат одлично дело, но тие полека сфаќаат дека работите се далеку од она на кое што тие се навикнати.

Тие брзо забележуваат дека во оваа програма нема скоро ништо од можностите кои ни ги нудат поновите верзии. Тие обидувајќи се да ги сменат боите откриваат дека не постои „live preview“, па тоа мора да го направат мануелно. Исто така оваа верзија има нивоа, но не вклучува слоеви, ниту пак можност за повеќе „undo“ доколку направите грешки или не ви се допаѓа тоа што ви испаднало. Но, најинтересно од сè тоа кога тие ќе се обидат да направат нешто што софтверот не поддржува, одеднаш и без предупредување добиваат силен звук кој звучи на труба.

На крај, нивната работа изгледа како да ја правеле мали дечиња во програмара „Paint“. Се прашуваме како се снаоѓале првите корисници на оваа верзија од Фотошоп…