Епидемиолозите откриваат: 6 митови за миењето раце!

Миењето раце е дел од секојдневието што го правиме минимум 5-6 пати. Сте обрнале внимание како го правите тоа? Дали знаете како правилно се мијат рацете? Ги прашавме епидемиолозите да откријат кои се најчестите митови поврзани со миењето раце. Прочитајте во продолжение за да дознаете што е правилно, а што не.

1. Ако се миеме со топла вода подобро ќе се ослободиме од бацилите

Тоа не е вистина. Миењето на рацете со ладна и топла вода е исто за бактериите и другите бацили. Помеѓу другото тоа го потврдила и една студија чиишто резултати се објавени во Журналот за заштита на храна. Од испитаниците е побарано да ги измијат рацете со вода на различна температура (15, 26 и 38 степени Целзиусови). Бројот на вируси што исчезнале со миењето раце не се разликувал во зависност од температурата на водата. Доколку ги миете рацете со премногу топла вода можете дури и да го оштетите епидермисот и да ја направите кожата поподложна на инфекции.

2. Апаратите за сушење раце се најдобар начин за сушење на рацете

Уште еден мит. Истражувачите од Универзитетот во Вестминстер во Лондон имале задача да ги истражат резултатите од различните начини на сушење на рацете. Спровеле експеримент во кој ги покриле рацете со ракавици со несекојдневен вирус МС2, после што сите учесници ги исушиле рацете на 3 различни начини: со машина за сушење раце, со бришење од џебовите и со хартиена крпа. Што било откриено? Хигиенски начин за да ги исушите рацете е преку бришење со хартиен бришач за еднократна употреба. Најлош начин е преку популарното џебно сушење. Тие ширеле 60 пати повеќе бацили од конвенционалните апарати и 1.300 пати повеќе од хартиените бришачи. Треба да се има на ум дека правилното сушење е многу важно. Бактериите многу полесно се шират на влажни раце.

3. Честото миење раце може да го оштети природниот заштитен слој

Ова е факт. Со пречестото миење на рацете може да се оштети и надразни кожата, да стане сува и на тој начин да се зголеми осетливоста на кожни инфекции. Рацете треба често да се мијат, но само во ситуации кои го бараат тоа: пред јадење или подготовка на храна или кога е веројатно дека е зголемена количината на штетни бацили на нашите раце, како на пример, по враќањето во домот, по патување со јавен превоз, контакт со животни или посета на продавница (посебно поради контакт со колички и корпи за пазарење или контакт со пари).

4. Рацете треба да се дезинфицираат кога не можат да се измијат

Ова е вистина. Во секојдневниот живот – дома или на работа, обично имаме постојан пристап до вода и санитарија, така што дополнителната дезинфекција не е потребна. Меѓутоа, во ситуации кога миењето раце со сапун и вода не е возможно, како на пример кога патувате со воз или автобус, убаво е да имате професионално средство за дезинфекција. Исто така треба да се знае дека сапунот и водата ги отстрануваат бацилите, но не ги убиваат – заедно со течноста тие едноставно исчезнуваат од нашите раце. Од друга страна, професионалните препарати ги убиваат или целосно ги неутрализираат вирусите, бактериите и габичките. Ова треба да се запомни кога се користат влажни марамчиња без дејство на дезинфекција. Бацилите остануваат бидејќи уште се на влажните марамчиња и се активни. Поради тоа се препорачува употребеното марамче одма да се фрли и тоа да биде само за една употреба.

5. Убавото миење раце со сапуница е подеднакво ефикасно како и примена на дезинфекциско средство

Процентот на ефикасност од обичното миење на рацете со сапун и вода и нивната дезинфекција варира. Внимателното миење на рацете со вода и сапуница (нагласување на прецизноста на темелно миење на делот на раката за 30 секунди), овозможува отстранување на 99,9% бактерии, вируси и други микроорганизми. Дезинфекцијата убива 99,99% бактерии. Мала разлика? Од една страна да – ефикасноста постигната со темелно миење на рацете е доволна во повеќето секојдневни ситуации за да се одржува правилна хигиена и здравје. Од друга страна, од медицинска гледна точка, разликата е огромна. Само миењето раце со сапун и вода не е доволно за професионалците како што се докторите, готвачите, тату мајсторите, козметичарите и фризерите.

6. Антибактериските препарати се штетни по здравјето

Професионалните антибактериски препарати или подобро кажано дезинфекциските средства се лабораториски тестирани и докажани не само како ефикасни туку и како безбедни за здравјето. Од друга страна постојат штетни „антибактериски“ сапуни и гелови што содржат токсини за кои истражувачите неодамна откриле. Триклосан е отровна супстанца и може да предизвика бројни компликации во човечкото тело. Најмалку опасен ефект од употреба на оваа супстанца се алергии, но во екстремни ситуации може да дојде до создавање тумор, хормонски нарушувања или сериозни инфекции на горниот респираторен тракт. Вистинските дезинфекциски производи, а не антибактериските (разликата е клучна) се засновани на активни состојки од алкохолно потекло кои се целосно безбедни за здравјето.

Дознајте како да направите вашите раце да изгледаат помладо.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар