Како да ја научите вашата ќерка да го сака своето тело?

Како да ја научите вашата ќерка да го сака своето тело?

Во време кога социјалните мрежи станаа императив и поставија стандарди за сè, од бојата на косата, стилот на облекување, до тоа како треба да изгледа нашето тело, навистина е тешко да се биде тинејџер, да се справува со хормони, несигурности и да прерасне во стабилна и задоволна личност. Повеќето тинејџерки се несигурни и незадоволни од своите тела, затоа е многу важно мајките да реагираат навреме и преку детален разговор да му објаснат на своето дете зошто е важно да се сакаат себеси и своите несовршености.

Како да ја научите вашата ќерка да го сака своето тело?

Пубертетот носи многу хормонски промени во организмот, од кои како последица се јавуваат вишокот килограми и акните, а сето тоа предизвикува несигурност и незадоволство кај младите девојки. Во ваквите ситуации, често родителите се главна потпора кои можат да им помогнат на младите девојки да застанат на свои нозе и успешно да се изборат со несигурноста и да стекнат самодоверба. Разговорот за време на пубертетот е неопходен и многу е важно да знаете како да им пристапите на тинејџерите на прав начин, за да можат да го почувствуваат вашето разбирање и поддршка.

Не го намалувајте нивниот проблем

Кога ќе ви ги каже неправилностите кои не ги сака на себе, слушајте ја и разберете ја. Објаснете ѝ дека таа моментално минува низ процес на промени и дека набрзо нејзиното тело ќе стане убаво со малку трпение и труд.

Објаснете им го значењето на туѓите коментари

Обидете се на време да ја научите дека туѓите коментари не треба да допираат до неа. Дека таа е убава онаква каква што е и дека сето тоа ќе стане неважно оној момент кога навистина ќе научи како да ужива во себе и во својата убавина.

Помогнете им да станат задоволни со себеси

Предложете ѝ да започне со некој спорт, за да го обликува своето тело на правилен начин. Исто така, советувајте ја во изборот на гардероба која добро ѝ стои, како и за шминката и фризурата. Таа ќе стане многу посигурна кога ќе добие поддршка за сопствените одлуки и комплиментите добиени од личност на која ѝ верува.

Почитајте го и ова неверојатно моќно писмо на една мајка до својата ќерка тинејџерка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар