Балетан со секси тетовирано тело танцува на „Take Me To Church“, нам ни доаѓа да речеме само „Амин!“

Овој танчар излудува со својата експлозивна бунтовна изведба, па ако не можете да ги тргнете очите од него штом почнете да го гледате видеото – во ред е, и на други им се случило.

Се работи за Сергеј Полунин кој на 19-годишна возраст бил најмладиот главен танчар во Британскиот балет. Полн со гнев, тој ги одбил ограничувањата кои доаѓале со неговата кариера. Трагајќи по послободен живот, тој дал отказ, а ноќта потоа ја поминал во студио за тетовирање.

Сега има 25 години и сака да ја изрази својата страст преку актерска кариера. И за ничие изненадување, веќе е забележан и почнал да добива понуди.

Во видеото го гледаме како танцува на номинираната за Греми „Take Me To The Church“ од Хозие. Видеото е режирано од прочуениот фотограф Дејвид ЛаШапел.