Арчеритаг - Нова адреналинска забава за најхрабрите авантуристи

По појавата на пеинтбол, а потоа и на ласертаг, само прашање на време беше пред да се измисли нов начин забава од овој вид. Па, доколку ви е интересно да трчате низ шума со лак и стрела, напаѓајќи ги вашите пријатели или бегајќи од нивните стрели, тогаш без сомнение ќе ви се допадне и арчеритаг. Погледнете го ова одлично видео кое ни покажува како изгледа оваа нова игра исполнета со адреналин.