Ако мислите дека на жените им е лесно на штикли, погледнете го видеото за да видите колку грешите

Мажите често не признаваат дека жените се многу посилни во некои ситуации. Но, кога ќе се обидат да направат нешто што го прават и припадничките на понежниот пол, сфаќаат дека не е толку едноставно.

Брендон Коен од Лос Анџелес бил убеден дека жените премногу се жалат за штиклите и дека тие не се толку неудобни. Меѓутоа, кога се обидел да помине еден работен ден во сандали со висока и тенка штикла, воопшто не му било едноставно.

Сето тоа е снимено на камера, а тој со крајни сили издржал 12 часа на нозе и признава дека штиклите се „ѓаволски чевли“.