Моќно видео: Трансродни тинејџери ѝ се обраќаат на личноста која ќе бидат за 10 години од сега

Ако погледнеме наназад, многу малку се зборува за проблемите со правата на трансродните личности. Во оние ретки моменти кога тие биле тема за разговор, често се мешале дезинформации, политика и незнаење оставајќи ги овие личност многу несфатени.

Но, благодарение на отворените транс ѕвезди како Лаверн Кокс и Кејтлин Џенер, како и на активистите како Мајли Сајрус, оваа дискусија секојдневно добива сè поголем замав. Чекор по чекор, сите ние стануваме посвесни, со поголема разбирање, и најважно од сè, ја напуштаме осудата.

Ова видео ја има токму таа цел. Со негова помош вие можете барем малку да сфатите низ што поминуваат овие личности кои сè што сакаат е всушност прифаќање и разбирање, како од себе, така и од оние околу нив.