Моќта на шминката: Оваа девојка ќе ве научи на една многу важна лекција

Во последно време на сè поголем број девојки ширум светот им е срам да кажат дека сакаат шминка. Тоа се случува поради општото верување дека се шминкаат само оние кои се несигурни во себе, кои сакаат да го привлечат вниманието на момците или пак, кои едноставно не се сакаат самите себеси. Но, благодарение на ова одлично видео вие ќе сфатите дека шминката е многу повеќе од овие стереотипни верувања. И сосема е во ред доколку сакате да се шминкате, без разлика на причината поради која ја користите…