9 чудни начини за воспитување деца ширум светот

Родителите низ целиот свет имаат различни начини за воспитување на своите деца, но едно нешто сигурно им е заедничко: Тие го посакуваат најдоброто за нив. Погледнете некои од најчудните традиционални начини за воспитување од различни култури.

1. Мавританските родители плукаат во лицето на нивните деца

(1)9-chudni-nachini-za-vospituvanje-deca-od-celiot-svet-kafepauza.mk

Народот Волоф од Мавританија сметаат дека нивната плунка ги зачувува нивните зборови, па затоа тие плукаат на новороденчињата за нивните благослови да останат на детето. Мајките обично плукаат на лицето, а татковците на ушите и потоа ја разнесуваат плунката низ целата глава за да му обезбедат благословен живот на детето.

2. Норвежаните ги оставаат децата да спијат надвор на температури под нулата

(2)9-chudni-nachini-za-vospituvanje-deca-od-celiot-svet-kafepauza.mk

Честа појава во нордиските земји е родителите да ги остават своите деца во количка пред ресторан на студен зимски ден додека тие уживаат во топол ручек внатре. Се верува дека ледениот свеж воздух ги прави посилни и отпорни на болести.

3. Мајките од Кенија не ги погледнуваат своите бебиња во очите

(3)9-chudni-nachini-za-vospituvanje-deca-od-celiot-svet-kafepauza.mk

Иако жените од Кенија се многу поврзани со своите деца, тие го тргаат погледот од нив во моментот кога детето и најмалку ќе се возбуди. Ова е нивен начин да ги научат децата да не бараат премногу внимание.

4. Родителите од Виетнам ги учат нивните деца да мочкаат кога ќе им се заповеда

(4)9-chudni-nachini-za-vospituvanje-deca-od-celiot-svet-kafepauza.mk

Секогаш кога дете од Виетнам ќе покаже знаци дека му се мочка, мајките почнуваат да свиркаат. Додека да наполнат 9 месеци, децата учат да го поврзуваат тој звук со потребата за мочкање и се учат сами да одат во тоалет.

5. Мајанските родители ги бањаат нивните бебиња во студена вода

(5)9-chudni-nachini-za-vospituvanje-deca-od-celiot-svet-kafepauza.mk

Мајанските деца обично добиваат освежувачка бања во ладна вода пред да одат на спиење. Ова го прават со цел да ги заштитат од горештините и да им го одржат доброто здравје.

6. Финските бебиња спијат во картонски кутии

(6)9-chudni-nachini-za-vospituvanje-deca-od-celiot-svet-kafepauza.mk

Мајките во Финска традиционално добиваат кутија од државата која содржи корисни работи, вклучувајќи и тенок душек. Оваа кутија служи како прво креветче за бебето.

7. Јапонските деца јадат сè и никогаш не се здебелуваат

(7)9-chudni-nachini-za-vospituvanje-deca-od-celiot-svet-kafepauza.mk

Јапонските родители, како и мензите во училиштата, многу внимаваат на дневните оброци на децата. Како резултат на ова, тие следат начин на исхрана богат со растенија и хранливи материи и никогаш не се прејадуваат.

8. Данските деца ги закачуваат нивните цуцли на дрво

(8)9-chudni-nachini-za-vospituvanje-deca-od-celiot-svet-kafepauza.mk

Во Данска, кога децата ќе наполнат 3 години и ќе ја надминат навиката за цицање, тие ги оставаат своите цуцли на посебни дрва како збогување со нивните играчки за смирување.

9. Американските бебиња ја одбираат својата професија додека се многу мали

(9)9-chudni-nachini-za-vospituvanje-deca-od-celiot-svet-kafepauza.mk

Како дел од ритуал, американските мајки поставуваат неколку играчки пред нивните деца штом ќе се појават првите запчиња. Првата играчка која ќе ја одбере детето би требало да ја предвиди неговата кариера. Книгата обично претставува професор, парите банкар, а ножот претскажува дека детето ќе стане доктор.

Погледнете и што би се случило доколку децата ги воспитуваа родителите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар