Просветно дело ви ја подарува „Куртизаната и самурајот“ од Лесли Даунер | Кафе пауза

Просветно дело ви ја подарува „Куртизаната и самурајот“ од Лесли ДаунерЈапонија, 1868 година. Последниот шогун е поразен и започнува времето на царевите. Меѓутоа, на студениот север на Јапонија, мала група воини, очајнички го пружаат последниот отпор…

Хана имала седумнаесет години кога нејзиниот сопруг заминал во војна и ја оставил незаштитена. Бегајќи од непријателската војска, Хана доаѓа во разурнатиот Токио и пронаоѓа засолниште во озлогласениот град Јошивара. Таму доспева во еден бордел и станува куртизана.

Јозо, авантурист и одличен мечувалец, се враќа во Јапонија по шест години минати во странство и открива дека земјата која одамна ја напуштил, длабоко е разорена. Патува на север, со желба да им се придружи на бунтовниците, но се соочува со непријателската војска. Бидејќи успева да побегне од заробеништво, Јозо сфаќа дека единствениот спас може да го пронајде во местото каде што секој човек е надвор од законот – во Јошивара.

Таму, во градот без соништа, во кој живеат три илјади крутизани, бегалецот Јозо ја сретнува преубавата Хана. Меѓутоа, и обајцата сокриваат страшни тајни, тајни кои можат да ја загрозат не само нивната љубов, туку и нивниот живот…

Просветно дело доделува 2 книги за двајца посетители на Кафе пауза.

Наградната игра ќе трае до 26 јули, а за учество оставете го само вашето име и презиме во комбинација со некаков коментар. Добитниците ќе бидат избрани по случаен избор.


Летна кампања во Просветно дело: ФАТИ СЕНКА И ЧИТАЈ!

Просветно дело ви го подарува светскиот бестселер „Пустинската зора“Просветно дело на сите вљубеници во убавиот пишан збор им овозможува да го направат својот избор за летно читање со попуст од 30%. Било за под сенка, под климатизер или покрај вода, изберете некој од хит-насловите како „Слатки мали лажливки“, „Озборувачка“ или „Вампирски дневници“ со супер-попуст од 30%.