Расплакано 2-годишно девојче и нејзиниот сурово искрен 5-годишен брат ќе ве насмеат до солзи

Двегодишната Шарлот Кар и нејзиниот 3 години постар брат Визли станаа вистинска интернет сензација заради бруталната искреност на Визли.

Малата Шарлот е нешто нервозна во текот на ручекот и цело време плаче. „Дали дремна денес?“ – ја прашува брат ѝ, а таа липајќи му кажува дека не. Наместо да ја праша зошто е тажна и зошто плаче, тој без да го промени изразот на лицето ѝ го дава својот брутално искрен, но можеби практичен совет.