Причината поради која голем број девојки се опседнати со „готвење“ на својата шминка

Накратко, наместо да ја нанесете шминката на вашето лице и веднаш да истрчате низ вратата, вие треба да му дозволите на вашиот коректор да се „готви“ 5 до 10 минути, така што ќе го нанесете на вашето лице и ќе ја оставите телесната топлина да го стопли производот. На овој начин се спречува насобирање на коректорот во одредени делови од вашата кожа.

Со овој трик вие ќе нанесете два слоја коректор, а потоа ќе завршите со пудра. Според влогерката и мејкап артистка, Хајди Хамуд, станува збор за едноставен процес кој ќе предизвика да изгледате многу побудно, посвежо и поприродно кога ќе излезете наутро од вашиот дом…