Овој маж се протнува во џиновски воден балон и чека да експлодира

Постојат видеа кои ќе ве натераат да се запрашате како воопшто некој се сетил да го направи тоа. Ова видео е едно од тие… Станува збор за маж, висок 180 сантиметри, кој ќе се протне во џиновски балон кој ќе го полни со вода сè додека тој не експлодира. Овој момент можеме да го видиме два пати, еднаш во вистинско време и еднаш забавено. Токму забавената снимка е онаа која го прави ова видео одлично.