Еден незначаен момент може да ни го промени животот

Лиз Маркс била популарна девојка во нејзиното училиште. Нејзината мајка се грижела за вообичаените работи кои може да ги прави една тинејџерка, важно ѝ било да не пие, да не се дрогира и сл. Но, она што не знаела е дека нејзината ќерка е зависник од нејзиниот мобилен телефон. Таа зависност била безопасна сè до моментот кога допишувањето преку мобилен ја довело до сообраќајна несреќа, при која изгубила око, го оштетила слухот, нема осет за мирис и не може да плаче. Може да заспие само со помош на лекови, а нејзиниот изглед е драстично променет. Но, ова видео не ја носи само пораката: Не се допишувај додека возиш, туку и нешто друго: Колку ли сме ние луѓето плитки, што дозволуваме трагедијата на некоја личност да стане пречка за продолжување на нашето пријателство. Тажно…