Деца пробуваат појадок од различни земји ширум светот

Постојат многу начини на кои можете да го запознаете детето со различните култури кои постојат во светот – можете да го однесете на патување, да го запишете на часови по некој јазик или да му пуштите документарна емисија на телевизија. Но, храната овозможува едно навистина уникатно искуство. На ова се сетил тимот од продуцентската видео компанија Cut.com кои буквално им овозможиле на група деца да ги вкусат различните култури од светот.

Не е чудно да не им се допаѓа сета храна која ја пробуваат за првпат во животот, но сепак е интересно да се видат нивните бесценети реакции. Се сложувате? 🙂